СКАНДАЛОЗНО ФОТО објави Богојески, Апасиев бил активист на ВМРО

Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески објави фотографија од лидерот на Левица Димитар Апасиев  во која се воочува дека е активист на ВМРО-ДПМНЕ. Посочува дека тој никогаш немал став, ниту кичма – само интерес.

„ФОТО: ДИМИТАР АПАСИЕВ кога беше ГОСПОДИН ДЕСНИЧАР / ВМРАНА (со негов речник) во раководството на ОК на УМС на ВМРО ДПМНЕ Велес. Во тоа време, се сеќавам како говореше дека сака “сите левичари – комуњари да висат заедно! Сите редом!” После тоа го продаде кучата, па самиот стана ДРУГАР левичар – комуњар. После пак се “прекрсти у ВМРО” – да фати работа. После навлече шарен капут и трчаше по Зајко и Катица СЈО Јанева. А денес е Љевиц – Е Мајтап, измеќар на газда Аљи! Димче никогаш немал став, ниту кичма – само интерес! За кеш, за функција, за едно кафе – мајка продава! Димче, ти си дефиниција за политички шлајм, без идеологија, без чест, без рбет! *фото од состанок на раководството на младата вмрана во Скопје, двајцата претставници од Велес“, посочува Богојески во објава на Фејсбук.

Loading