Русија ја засилува офанзивата во Донецк – Зеленски предупредува на жестоки судири во Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили ја насочиле својата главна офанзива кон градот Покровск во регионот Донецк, каде што се водат интензивни борби и во самиот град.

„Разговарав со војската – посебно внимание се посветува на Покровск и соседните области“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека таму се концентрирани најголем дел од руските ударни сили и најсилната офанзивна активност.

Тој истакна дека Покровск е главната цел на руските трупи и дека секој успех на украинската армија во оваа насока е од клучно значење за одбраната на целата држава.

 

Според украинските воени извори, само во текот на вчерашниот ден се регистрирани 101 борбен судир меѓу украинските и руските сили, со најжестоки напади во Костјантинивска и Покровска област, како и зголемена активност на фронтот кај Александровск.

Loading