Ѓорѓиевски: Левица е во коалиција со ДУИ, тоа се виде уште од првиот круг

Во вчерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој посочи дека посочи дека Левица е во коалиција со ДУИ, прикажувајќи и фотографии на кои се гледа како заедно се фотографирани кандидатот на Левица со кандидатот за градоначалник на Тетово од ДУИ, со што се потврдува нивната соработка.

-Она што се говори во јавноста, а има потврди за тоа, од ДУИ кандидатот за градоначалник на Тетово заедно со вашиот кандидат кои што седат после изборите но и еден пратеник сликан во Собранието имаше заедно со претставник од ДУИ, тоа јасно говори во која насока се движат процесите, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски потенцираше дека уште од првиот круг е јасна поддршката која Левица ја имала од ДУИ.

-А ако се види состојбата по избирачки места тоа е многу едноставно и гласањето од првиот круг, јасно се доаѓа до сигнал дека вие сте имале поддршка од ДУИ уште во првиот круг, заклучи Ѓорѓиевски.

Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

Ѓорѓиевски вечерва изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи, вториот круг од изборите граѓаните ќе излезат во поголем број и оти ќе победи.

Ѓорѓиевски истакна дека досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидатите на локални избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Амар Мециновиќ од Левица.

При претставувањето на кандидатите за градоначалник на Скопје во дебатата на Канал 5, Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и доаѓа од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, пак, кажа дека студирал на Политички студии но дека нема дипломирано, дека работел различни работи, меѓу другото, и како фриленсер и дека се гордее со тоа.

Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот во понеделник, рече дека за тоа треба да го прашаат тогаш и оти во понеделник можеби ќе биде победник.

Loading