
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Политичка патетика на стероиди: кога сиромаштијата станува штит за лагата
#ЕмпатијатаНеЕАлиби а #СиромаштијатаНееНаслов и затоа #ДимчеНеСоТуѓиСолзи за да ги „испереш“ #лагитеНаЛевица
Наместо извинување за ЛАГАТА „диплома“, добивме емотивен театар за сиромашниот генијалец од Чаир. Наместо одговорност, глорификација на страдањето. Лидерот на една партија ја претвори личната лага на својот кандидат во симбол на отпор, злоупотребувајќи ги токму оние што најчесто немаат глас: сиромашните, самохраните мајки и младите без привилегии.
Или на кратко Апасиев од ПОЛИТИЧКА ЛАГА пробува да направи МОРАЛНА ЛЕГЕНДА!
Кога јавноста откри дека кандидатот лажно се претставувал како дипломиран политиколог, логичен потег би бил извинување и повлекување. Но наместо тоа, следеше патетичен статус кој личеше на сценарио за изборен спот: сиромашно семејство, самохрана мајка, апсолвент со просек 9.8 кој „станал „лав“ на левицата“.
Јавноста се навикна на Апасиевата реторичка стратегија и ЗЛОУПОТРЕБА НА РАНЛИВОСТА зборувајќи во нејзино име притоа користејќи емоционален реализам, романтизација на сиромаштијата и класната болка, морална дихотомија емпатија без критика…но најмалку беше очекувано да МАНИПУЛИРА и се обиде на дискурзивна инструментализација на „самохраната мајка“!
Така политичката лага се пере преку човечка мака. Наместо рационален дијалог за вистината, добивме морализаторски монолог во кој кандидатот од измамник стана „жртва на системот“,
Всушност и не е прв пат Апасиев да си „поигрува“ со сиромаштијата користејќи ја како политичка позадина.
Во стилот на Апасиев : #СиромаштијатаНееНаслов или #ДимчеНеСоТуѓиСолзи

Во обид да го спаси својот кандидат, партискиот лидер ја користи сиромаштијата како емотивна сценографија. Наместо да зборува за јавната одговорност, зборува за неправдата на транзицијата, за мајка која мие садови и за „урбаните Скопјани“ што ќе гласале од солидарност.
Но тука нема вистинска грижа, туку студено калкулирана манипулација. Болката и страдањето се претворени во реквизити за политичка драматургија.
Таа техника е стара колку и популизмот: користи го ликот на жртвата за да ги замолкнеш прашањата за вистината.
И повторно со емпатија како алиби. Оваа стратегија не повикува на солидарност, туку на ЕМОЦИОНАЛНА УЦЕНА.
Секој што ќе се осмели да ја спомне ЛАГАТА на Амар, веднаш се етикетира како „ПРИВИЛИГИРАН ЕЛИТИСТ“ или „ПРИМИТИВЕЦ“. Така политичката измама станува доказ за човечност, а сомнежот доказ за нечовечност.
Тоа е ОПАСЕН ПРЕСЕДАН: кога лагата добива морална заштита, а емпатијата се претвора во штит од критика.
Целта е да се прикаже „жртвата“ како нов политички бренд
Добро познато е дека Апасиев и Левица не продаваат идеи, туку идентитети на страдање.
Самохраната мајка, студентот, сиромашното семејство – сите тие стануваат симболи што се користат за изградба на партиски имиџ, не за решавање на реални проблеми.
На тој начин, ранливите категории не се ЗАШТИТЕНИ, туку ЕКСПЛОАТИРАНИ.
Политичката елита ги претвора во маркетинг материјал, додека вистинските луѓе во тие приказни остануваат без ништо – ни диплома, ни правда, ни систем што ќе им помогне.
И така умешно болката станува пи-ар алатка.
Во општество каде што лагата се продава како искреност, а сиромаштијата како морален капитал, вистината е најранливата категорија.
Затоа, секогаш кога некој политичар ќе ви ја продава човечката мака со патетика и хаштагови, запрашајте се едно:
дали тој човек навистина им помага на тие луѓе – или само се крие зад нивната болка?
Како да се заштитиме од политичка манипулација и да ја одвоиме вистината од пропагандата:
- Да бидеме критички настроени кон емоционално нагласени пораки и да внимаваме на содржини што ја користат човечката сиромаштија, болка или патетика како маркетиншка стратегија. Понекогаш тие служат за да ја замаскираат вистината или да добијат личен или партиски профит.
- Да трагаме по конкретни решенија: Наместо емоционални обиди, да се фокусираме на конкретни политики и дела. Да проверуваме дали политичарите навистина работат на решавање на проблемите или само користат емотивни сценарија.
- Да ги проверуваме изворите и информациите и да не веруваме слепо на прикажувањето делови од приказната. Да бараме факти, документација или дали биле одржани реални политики или активности што ги потврдуваат нивните зборови.
- Да разговараме со луѓе од различни средини и да изградиме демократска култура на дијалог со цел да избегнеме едностран пристап и манипулација. Со особено внимание на предрасудите и моќта на пропагандата.
- Да бидеме свесни за својата одговорност и дали нашите реакции или гласот се исправни или се под влијание на емоции и пропаганда. Да внимаваме кога некој ја користи нашата емпатија за лична или партиска корист.
- Поддршка само на транспарентни и чесни политики: Гласот на граѓаните има значење само ако се заснова врз вистински вредности и одговорност. Поддршка за лидери и иницијативи што се стремат кон вистинска транparеност и јавна отчетност.
![]()

