
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Дали имаме искрена намера да ја насочиме Македонија на патот на стандардите и нормалноста?
Суштината е во одговорот на граѓаните. Ако граѓаните со своето поведение и пристап кон ова прашање не се спремни, зошто истите тие очекуваат тоа да го сторат политичарите?!
Ова прашање претставува клучен тест на зрелоста и посветеноста на целото општество, особено на граѓаните, политичките актери, граѓанските движења и јавноста во целина. Реалната одговорност се состои во признавањето дали постои доследна и искрена волја за промени, или пак постои само формална декларативна желба без конкретни активности и суштински напори.
Искрената намера да се насочи Македонија на патот на стандарти и нормалноста подразбира прифаќање на реалноста, признавање на слабостите и недостатоците, како и спремност да се преземат тешки, но неопходни чекори. Тоа вклучува транспарентност во носењето одлуки, посветеност кон владеење на правото, елиминирање на корупцијата, градење на ефикасни и независни институции, како и промоција на етички стандарди во сите јавни и приватни сфери.

Истовремено, искреноста е клучен услов за градење на доверба некогаш скршена или минирана од долгогодишните недостатоци и искушенија. Без суштинска желба за промена, која ќе биде приоретет на сите сегменти од општеството, секој напор ќе биде залуден или само формален, без реални резултати. Затоа, потребно е да се постави прашањето: дали срцата и умот на сите чинители навистина се посветени на националните интереси и на создавањето на подобра иднина за сите граѓани?
![]()


