Софија Куновска со пример од Швајцарија: Добра е одлуката на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот

Според Софија Куновска, поранешна советничка во Град Скопје од СДСМ, одлуката на градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, да забрани фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот е добра одлука. Таа направи споредба со регулативата во Швајцарија.

„Во Швајцарија пред 40 години првпат видов поставени камери кои набљудуваат кога и какво ѓубре одложува секој станар во или (скраја да е) покрај контејнерите.

Ако е оставено несоодветно спакувано или вон предвиденото време ви го враќаат на врата со љубезен поздрав и прашање дали знаете дека тоа ѓубре се фрла тогаш и тогаш, таму и таму, спакувано во таква и таква боја на најлон.

И тоа е прва и последна опомена пред да ви стигне казна по пошта“, напиша таа.

Loading