Мицкоски: Сплотеноста и почитта се темелот на општество кое напредува
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на свечената седница на Владата по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, испраќајќи порака дека иднината на државата се гради врз заемна почит, доверба и одговорност меѓу сите заедници.
Во своето обраќање, премиерот нагласи дека Македонија отсекогаш била дом на различности кои ја збогатуваат заедничката национална приказна и дека албанската заедница е неизоставен и суштински дел од државниот мозаик.
„Градиме земја во која младите – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други – ќе ја гледаат својата иднина тука. Општество каде секој јазик е мост, а не граница; сила, а не поделба; богатство, а не товар,“ истакна Мицкоски.
Премиерот се осврна и на значењето на Битолскиот конгрес од 1908 година, оценувајќи дека усвојувањето на унифицираната албанска азбука било европски ориентиран чин што го трасирал патот кон модернизација, образование и отворање кон светот.
Мицкоски потенцираше дека Владата останува фокусирана на политики кои ја зацврстуваат меѓуетничката доверба и обезбедуваат подеднакви можности за развој на сите јазици и култури.
![]()
Како примери за конкретни активности, тој ги посочи проектите за:
-
унапредување на локалната инфраструктура,
-
модернизација на образовниот систем и поддршка на културните институции,
-
дигитализација на јавните услуги и поттикнување на економскиот раст.
„Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации“, порача премиерот, потенцирајќи дека заедништвото и меѓусебната почит се единствениот пат што ја носи државата напред.
![]()

