Агелер со силни пофалби за Коридор 8 – ВПЕЧАТЛИВ НАПРЕДОК

Американската амбасадорка Агелер: Коридор 8 е клучен за НАТО, безбедноста и економскиот развој на Македонија

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, во интервју за ТВ21 изрази силно задоволство од динамиката и квалитетот на работите на Коридорите 8 и 10, кои ги изведува меѓународниот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Агелер истакна дека напредокот на проектите е не само инфраструктурно значаен, туку и стратешки важен за земјата.

„Особено сум задоволна од Коридорот 8“

„Посебно сум задоволна од Коридорот 8, не само затоа што на него работи врвна американска компанија, туку и затоа што од гледна точка на НАТО и стратегиската сигурност, тие коридори се клучни,“ изјави амбасадорката.

Според неа, развојот на Коридорите 8 и 10 значително ќе ја засили безбедноста на Северна Македонија, а истовремено ќе отвори нови можности за регионална и меѓународна трговија.

Трговија, безбедност и економија – троен придобивка

Агелер нагласи дека модерната инфраструктура е предуслов за економски раст и подобра интеграција со партнери од регионот и НАТО. Таа посочи дека токму ова поврзување ја прави Македонија посигурна и попривлечна за инвестиции.

Пофалена македонско–бугарската соработка

Амбасадорката посебно го истакна договорот меѓу министрите за транспорт на Северна Македонија и Бугарија, оценувајќи го како „исклучително важен чекор“ за двете држави.

„Им честитам за храброста и визијата да работат заедно на заеднички интерес,“ додаде Агелер, нагласувајќи дека оваа соработка ќе ја забрза реализацијата на Коридорот 8 и ќе ги олесни прекуграничните текови.

Loading