Од Уставниот суд велат дека се уште не е донесена одлука за линеарното зголемување.
,,Не е донесена конечна одлука за членот 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се зголемуваат пензиите, во јавноста познато како линеарно зголемување. На седницата одржана на 19 ноември со мнозинство гласови изразен е сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот, а во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Во однос на прашањата дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2.500 денари бидејќи веќе ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите кои го регулира тоа прашање, поради фактот што беа од времен карактер и не се повеќе дел од правниот промет.” – велат од Уставен.
![]()

