КОЈ ЛАЖЕ? Димче Арсовски ги демантира обвинувањата на СДСМ за тендер и „Дигитал оне“
Поранешниот владин портпарол и актуелен член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, реагираше остро на денешните тврдења на СДСМ, кои го поврзаа со сопственикот на компанијата „Дигитал оне“, Кристијан Арсовски, околу спорен милионски тендер.
Арсовски ги нарече обвинувањата „лажни“ и потенцира дека неговото име било тенденциозно употребено на прес-конференција, со намера да го вовлечат во скандал и да манипулираат со јавноста.
„Ниту го познавам сопственикот на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту ми е роднина. Единственото што е исто е презимето. Немам никаква врска со државни тендери“, изјави Арсовски.
Тој додаде дека СДСМ се обидува да создаде забуна и да ја искористи ситуацијата за политички поени, повикувајќи се на влијанието на „заевизмот“ и контроверзните лиценции за одгледување марихуана кои, според него, сè уште влијаат во партијата.
Арсовски јавно бара извинување од СДСМ, ако воопшто им останало малку достоинство, оценувајќи дека обвинувањата се тенденциозни и невистинити.
Овој случај повторно ја отвора дебатата за политичката манипулација и потребата од проверка на факти пред да се поврзуваат јавни личности со финансиски скандали.
![]()

