ОТКРИЕНА вистинската ПРИЧИНА за доцнењето на исплатите од МојДДВ

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средствата од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат ниту откажан. Привременото доцнење кај дел од корисниците се должи на технички проблем што се појавил во процесот на обработка на спецификациите за исплата.

Како што појаснува УЈП, доколку во една пратка постои корисник кој сменил банка или трансакциска сметка без навремено ажурирање на податоците, системот автоматски го враќа целиот налог и средствата не се исплаќаат за сите корисници што се во истата група. Проблемот е идентификуван, а надлежните служби веќе работат на негово целосно отстранување.

Од Управата нагласуваат дека исплатата за граѓаните со валидни и потврдени податоци е во тек, додека за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на техничката преработка.

Воедно, УЈП апелира до граѓаните кои вршат промена на банка или трансакциска сметка, веднаш да ги ажурираат податоците во системот за да се избегнат идни доцнења во исплатите.

Loading