ГОЛЕМ НАСТАН со ГОЛЕМО ОТСУСТВО: ПРЕМИЕРОТ НЕ ДОАЃА, Стоилковиќ – „ГЛАВЕН“!

ГОЛЕМ НАСТАН со ГОЛЕМО ОТСУСТВО: ПРЕМИЕРОТ НЕ ДОАЃА, Стоилковиќ – „ГЛАВЕН“

Повеќе од 200 компании и најмалку 300 учесници денес учествуваат на големиот македонско–српски бизнис форум што се одржува во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со цел продлабочување и интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

Владината прес-служба утрово соопшти дека премиерот Христијан Мицкоски, поради здравствени причини, го откажал присуството и обраќањето на форумот.

Во пресрет на настанот, во Владата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање за економска соработка, кој треба да ја зајакне трговијата, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари. Документот го потпишуваат вицепремиерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската вицепремиерка и министерка за економија Адријана Месаровиќ.

Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ја посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, од каде што порачаа дека потенцијалот за економска соработка е многу поголем од актуелните бројки, особено во делот на прехранбената индустрија. Целта, како што истакнаа, е дополнително зголемување на размената и подобрување на заедничкиот настап на пошироките регионални и светски пазари.

Форумот во Скопје уште на самиот старт ја отсликува амбицијата за нова етапа во економските односи меѓу Македонија и Србија – место каде што бизнис-заедниците директно ќе креираат нови партнерства, инвестиции и можности за раст.

Loading