И ДКСК доби конкуренција ?! СДСМ го лансира својот ТИМ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА!

СДСМ со нов антикорупциски спец-одред: Млади, мотивирани и – секако – невидливо ефикасни

Венко Филипче денес гордо најави дека СДСМ формирале антикорупциски тим составен претежно од млади активисти. Конечно, по сите години владеење, некој се досети дека можеби – ај да пробаме – да се бориме против корупцијата. И тоа со млади луѓе! Звучи како вовед во нова супер-херојска франшиза: „Одмаздниците против мито“.

Тимот ќе ги обработувал сите скандали што секојдневно ги гледаме. Супер! Само што скандалите до вчера некако чудно ги гледавме ние, граѓаните, додека политичарите се правеа како да гледаат документарец за пингвини.

И не само тоа – ќе има и онлајн платформа за пријавување корупција! Најверојатно ќе биде најкористената страница во земјата, веднаш по оние за временска прогноза и спортски трансфери.

Но вистинската бомба доаѓа со меѓународната соработка. СДСМ ќе бара помош од италијанските институции кои се бореле со Коза Ностра. Логично – ако можеле да се справат со мафијата во Сицилија, сигурно ќе знаат како да се справат со нашите локални „крими-гасподарчиња“. А и убаво звучи кога ќе кажеш дека ќе се бориш со мафија – дури и кога се работи за домашна политичка конкуренција.

Во секој случај, останува да видиме дали ова ќе биде историски чекор напред, или уште една епизода од долгогодишната серија „Борба против корупцијата – сезона 27, ништо ново“.

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Loading