САД и Македонија ја продлабочуваат одбранбената соработка – Агелер дел од високата делегација
Премиерот Христијан Мицкоски утринава оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт. На состанокот, кој се одржа во Владата, се разговараше за продлабочување на билатералната соработка помеѓу институциите на двете земји, особено во сферата на одбраната.

Мицкоски информираше дека фокусот бил ставен на унапредување на заедничките програми за обука, размена на експертиза и поддршка во развојот на современи и ефикасни одбранбени капацитети.
https://www.facebook.com/share/p/16erecxDxc/
Од македонска страна присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Сашко Лафчински.
Генерал-мајорот Најт пристигна со придружба од Националната гарда на Вермонт, а дел од делегацијата беше и американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер. Средбата се оценува како значаен чекор во зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД.
![]()

