Колку сериозни проблеми го сопреа ‘Save City’ – дали ќе стартува во февруари?

По најавите дека ќе почне на 1 јануари, „Безбеден град“ одлучи да нè почести со уште еден месец со незаменлива несигурност. МВР велат дека им требало дополнително време за тестирање и калибрирање, што преведено на човечки значи:
„Сè работи, само не функционира.“

Новинарите од „360 степени“ веќе го тестирале системот. Тој возвратил. Со грешки. Многу грешки. Ама барем знаеме дека е интерактивен.

МВР не споделуваат детали од тестирањето, веројатно затоа што и самите сè уште се обидуваат да откријат како да го објаснат фактот што најскапиот проект за безбедност реагира на командите како стара клавијатура – некогаш да, некогаш не, а некогаш само решава дека не му е ден.

Во меѓувреме, ветуваат дека ќе биде пуштен во употреба само кога ќе биде „технички стабилен“. Значи – не денес.

Инаку, проектот е futuristic комбо од камери, препознавање лица и супер-комуникација меѓу службите. Нешто како Avengers, само со пониска резолуција и поголем delay.

Но не грижете се:
Безбедноста доаѓа. Полека. Со тротинет. Со полн гас… ограничен на 12 km/h.

Loading