Собранието реагира: Проследено е барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кое го поднесе мајката на тешко повреденото девојче од сообраќајната несреќа во која учествуваше пратеникот.

Од Кабинетот на Гаши објаснуваат дека согласно Уставот и Деловникот, постапка за евентуално одземање на имунитет може да биде покрената само врз основа на официјално барање од надлежен државен орган – за кривична постапка, мерка притвор или издржување казна затвор. Собранието не може да постапува по барања од поединци, организации или медиуми.

Доколку надлежните органи достават официјално барање, Собранието ќе постапи во согласност со утврдените уставни и деловнички процедури.

Loading