БУЈАР нели беше за ЕУ? Сега не сакал ЕУ закони?

БУЈАР нели беше за ЕУ? Сега не сакал ЕУ закони?
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, заколнат еуропеец, кој во секоја прилика од уста не ја вади ЕУ, сега реагира на донесување на ЕУ закон. Имено, по објавата дека Предлог-законот за фер и соодветна застапеност, кој доби позитивно мислење од Венецијанската комисија токму од ЕУ, сега на Бујар и ЕУ не му чини. ЕУ била против Албанците и со предметниот предлог-закон сакала да го замени механизмот „Балансер“, што според него, има неколку недостатоци и било спротовно на големоалбанскиот етнички шовинизам.

“Зошто новиот закон за „фер и соодветна застапеност“ е слаб и не може да биде замена за „Балансерот“, бидејќи повеќе не е задолжителен, туку ориентирачки. Бидејќи не дејствува автоматски, туку зависи од волјата на администрацијата. Бидејќи не го блокира донесувањето одлуки кога е нарушена застапеноста, туку само ја евидентира. Бидејќи не дејствува ex ante туку ex post. Бидејќи не создава директни правни последици за непочитување. Бидејќи ја поместува еднаквоста од закон во јавна политика. Бидејќи дозволува толкување, одложување и релативизација. Бидејќи не гарантира вистинска застапеност, туку управување со застапеноста. Балансерот функционираше затоа што не оставаше простор за импровизација. Овој закон остава само простор. А кога законот создава простор, нееднаквоста секогаш го експлоатира. Не треба да помине!“, напиша Османи.

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Loading