ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ОТКРИЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ – „SAFE CITY“ ШАЛТЕРОТ ШТО МЕНУВА СÈ!

Од 17 декември 2025, граѓаните ќе можат да ги корегираат контакт-податоците поврзани со регистрацијата на нивните возила на новиот шалтер „Сејф Сити“ во Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ, Скопје. Работно време е секој ден од 08:00 до 17:00 часот.

Промените можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде е присутен деташиран референт на МВР. Исто така, граѓаните можат да испраќаат забелешки, прашања или нејаснотии преку електронската адреса bezbedengrad@moi.gov.mk.

Министерството за внатрешни работи гарантира дека сите пристигнати пораки ќе бидат обработени според утврдени процедури, со цел подобрување на системот „Безбеден град“ и подобра комуникација со јавноста.

Ова е шансата за граѓаните да ги ажурираат своите податоци, да избегнат неточности и да се поврзат со системот на МВР побрзо и поефикасно.

Loading