Интензивно се работи на „Момин Поток”, наскоро скопјани ќе возат по нов булевар, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Како што посочи, изградбата на клучката „Момин Поток“, заедно со изградбата на булевар „Никола Карев“ е во полн ек.
Во моментов напредува изградбата на атмосферската канализација која ќе се наоѓа во средишното зеленило на бул. „Никола Карев“ на потегот од река Серава до раскрсницата со бул. „Словенија“. Исто така, се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со бул. „Словенија“ кон клучката „Момин Поток“. За оваа делница конечно се пробива трасата.
Во тек е отстранување на објектите кои се наоѓаат на трасата, со што се откочува целиот процес за изградба на новиот булевар, соопштија надлежните.
![]()

