Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во објава на Фејсбук јавно бара оставка од претседателот на партијата, Венко Филипче.
„Да! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“, напиша Шилегов во објава на социјалната мрежа, додавајќи дека во текот на само седум минути добил повеќе од 50 телефонски повици за појаснување на неговата позиција.
Ова негово појаснување дојде откако Шилегов во друг „шифриран“ статус се осврна на одговорноста за „убиство“ и на однесувањето на партијата:
„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла! Или тешка Ви е одговорноста? Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош! Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави…“, напиша Шилегов.
![]()

