МИЦКОСКИ ЈА ИЗДИГНУВА МАКЕДОНИЈА – ВИСТИНАТА КОЈА ГРАЃАНИТЕ ЈА ЗАСЛУЖУВААТ!

МИЦКОСКИ ИЗНЕСЕ ИСТОРИСКА ПОРАКА: Западен Балкан е во фокусот на ЕУ, а Македонија заслужува членство!

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел истакна дека Македонија заслужува да биде дел од Европската Унија и дека оценката на државата треба да се базира на постигнувањата, а не на билатералните прашања со соседите. Тој нагласи дека Владата ги спроведува сите неопходни реформи за започнување на преговорите и дека македонските граѓани заслужуваат членство во ЕУ.

„Важно е Западен Балкан да биде во фокусот на Европската Унија, што покажува интерес за заедничката иднина. Како држава, ние продолжуваме да го испорачуваме сето она што е потребно за интеграција, не само поради процесот, туку пред сè поради нашите граѓани“, рече Мицкоски.

Премиерот изрази очекување дека билатералните прашања нема да бидат пречка во процесот и дека соседите ќе ја поддржат амбицијата на Македонија за членство во ЕУ.

Loading