Владата на Северна Македонија денеска одржа клучен состанок за реформска агенда, институционална координација, распределба на одговорности и спроведување на приоритетите кои ќе ја движат државата кон модернизација и стабилност. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека за успешна имплементација на реформите е суштинско „да ја завршиме домашната задача“.
На состанокот присуствуваа министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерките за енергетика и за финансии Сања Божиновска и Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија Бесар Дурмиши и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Овој состанок ја потенцира важноста на меѓуинституционална соработка, приоритети на реформите, транспарентност и ефикасно управување, кои се клучни за економскиот раст и европската интеграција на државата.
![]()

