ХАОС НА УНГАРСКАТА ГРАНИЦА: патниците преживуваат часови чекање!

Вистинска голгота за патниците на унгарската граница! На преминот кон Македонија и Албанија моментално има колона од 33 автобуси, полни со патници кои се враќаат дома за новогодишните и божиќните празници.

Според сведоштва од терен, царинските служби работат со намален капацитет, функционира само еден шалтер за проверка, што предизвикува огромни чекања и нервоза меѓу патниците.

Ова е класична сцена пред празниците, кога дијаспората масовно се враќа во татковината, но ваквиот застој најавува мучни часови за сите кои патуваат низ Балканот. Следете ги нашите информации за најновиот развој на границата и советите за патување.

Loading