Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, е во прва официјална посета на Македонија. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе ја пречека министерката во Скопје.
На средбата ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи, економската и политичката соработка, како и можностите за нивно понатамошно унапредување во сите области од заемен интерес.
По тет-а-тет средбата и билатералната дискусија на делегациите, Муцунски и Спиропали ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите, каде ќе ги информираат граѓаните за постигнатите договори и идните чекори во соработката меѓу Македонија и Албанија.
![]()

