АХМЕТИ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА: ДАЛИ ЛИДЕРОТ НА ДУИ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА?!

„Претставник сум на лавови – ако излезам на улица, нема враќање!“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, изјави дека не ги смета за сериозни реакциите на поединци кои останале надвор од партиските структури по Петтиот конгрес на партијата. На брифинг со медиумите, Ахмети нагласи дека станува збор за „две до три лица“ и порача дека оние кои ја напуштаат партијата поради недобивање функции, можат слободно да си заминат.

Тој го спомена и Абдил Селам Селами, за кого рече дека се извинил и останува дел од ДУИ. Според Ахмети, партијата нема да се занимава со дневна политика, туку ќе се фокусира на долгорочен развој и стабилност на државата.

Ахмети повторно ја истакна потребата од национален договор за развој, по примерот на Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија. Според него, граѓаните се уморни од политика која служи исклучиво за партиски и лични бенефиции.

Лидерот на ДУИ потенцираше дека уставните измени остануваат клучен услов за учество во идната власт. Тој побара воведување на двојно мнозинство при избор на Влада, како и проширување на примената на Бадентеровиот принцип и во Уставниот суд.

Во своето обраќање, Ахмети истакна дека Охридскиот договор не бил совршен, бидејќи е компромисен, но додаде дека постои простор за негово унапредување доколку тоа е потребно. Тој упати критики и кон двете стопански комори, обвинувајќи ги дека создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите.

Со силна и симболична порака, Ахмети изјави:
„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови.“

Во однос на коалициските односи, Ахмети рече дека договорот со Тачи не му штети на Фронтот, додека за Зијадин Села оцени дека се обидува да изгради сопствен политички идентитет. Тој најави дека напролет ДУИ ќе одржи тематски конгрес, на кој ќе се разговара со членството, по што ќе се донесе одлука за идната идеолошка насока на партијата.

Loading