ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ЛИДЕРСТВО И ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА!

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе биде главен говорник на Форумот на повратници во државата, настан кој ја потенцира важноста на македонската дијаспора и враќањето на младите и образовани кадри во татковината.

На Форумот, кој ќе се одржи во Свечената сала на Владата, премиерот Мицкоски ќе ги презентира мерките за мотивирање на дијаспората, политиките за олеснување на инвестирање, како и стратегиите за поттикнување на вработување на повратниците. Со ова, Мицкоски уште еднаш ја покажува својата посветеност на развојот на Македонија и создавањето услови за младите и образованите кадри да ја применат својата меѓународна експертиза дома.

Овој Форум е јасен доказ дека Владата под раководство на Христијан Мицкоски се стреми кон одржлив економски раст, поттикнување на инвестиции и создавање иднина за секој македонски граѓанин.

Loading