🔴 МИЦКОСКИ ЈА РАЗОТКРИ ДУИ: БАЛАНСЕРОТ ГО УКИНАВТЕ ВИЕ – ИЗВИНУВАЊЕ ИМ ДОЛЖИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница остро реагираше на обвинувањата од ДУИ, нагласувајќи дека вистината за укинувањето на балансерот мора да излезе на виделина и дека токму ДУИ, заедно со СДСМ, ја донеле одлуката за негово бришење.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Мицкоски истакна дека не е точно оти актуелната Влада го укинала балансерот, туку дека претходната влада, во која Артан Груби бил прв вицепремиер, на владина седница донела одлука со која се препорачува укинување на овој инструмент.

„Тоа е официјално документирано и содржано во скрининг-извештајот на Европската Унија. Граѓаните, без разлика на етничката припадност, имаат право да ја знаат вистината“, потенцираше Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, бидејќи токму тие биле дел од власта што ја започнала постапката за укинување на балансерот, а во исто време биле избрани и судиите на Уставниот суд кои донеле конечна одлука.

Во продолжение, Мицкоски поентираше дека Законот за правична застапеност, подготвен од сегашната Влада, добил позитивна препорака од Венецијанската комисија, што според новата методологија за пристапување кон ЕУ значи дека овие препораки не се предмет на политичка дебата, туку задолжително се спроведуваат.

„Не можете да зборувате за ЕУ, а истовремено да ги оспорувате препораките на Венецијанската комисија. Тоа е дел од пристапниот процес и мора да се почитува“, истакна премиерот.

Мицкоски додаде дека ширењето невистини од собраниската говорница нема да донесе политички поени, туку напротив, ќе ја разоткрие политичката одговорност на оние што ги носат.

Loading