Во таканаречениот „одговор“ на Јован Деспотовски, јавноста не доби ниту една јасна негација на обвинувањата за соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, неговата реакција повторно беше насочена кон напад врз СДСМ, без обид да се демантираат ниту координираните текстови објавени од Бранко Героски, ниту политичката позадина на целата операција.
Наместо јасен демант, Деспотовски се обиде да ја релативизира сопствената улога, објаснувајќи дека бил „умерен“ во, како што го нарекуваат партиските извори, предавството. Таквиот пристап дополнително ги зацврсти сомнежите дека станува збор за координирана акција, насочена кон внатрешна дестабилизација на СДСМ.
Членовите на СДСМ, граѓаните и целата јавност денеска можеа уште еднаш јасно да видат како функционира оваа мрежа. Веднаш по официјалното соопштение на СДСМ, следуваа нови медиумски текстови во одбрана на Деспотовски, што само ја потврдува тезата за синхронизирана медиумско-политичка операција под диригентска палка на ВМРО.
Од СДСМ порачуваат дека обидот за уривање на партијата одвнатре е целосно разоткриен и дека ваквите сценарија нема да поминат. Партијата останува обединета и решителна во намерата да не дозволи внатрешни манипулации и надворешни влијанија.
„Нема да дозволиме уривање на СДСМ одвнатре. Нема да престанеме со објавувањето на криминалот на власта. Работата не е завршена“, порачуваат од партијата.
Политичката борба, како што велат, продолжува со уште поголема транспарентност и одлучност, а јавноста ќе биде информирана за секој нов доказ и секој обид за политичка манипулација.
![]()

