Со одговорно, посветено и ефикасно раководење, Александар Николоски обезбеди целосна проодност на сите патишта низ државата и покрај обилните снежни врнежи. Благодарение на навремената координација, добрата организација и континуираната комуникација со надлежните служби, сообраќајот се одвива непречено и без застои.

Клучна улога во ова има и посветената работа на екипите на Македонија Пат, кои постојано се на терен и со максимална ангажираност ги одржуваат патните правци чисти и безбедни. Николоски јавно им се заблагодари на вредните работници, истакнувајќи дека нивниот труд е директна гаранција за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, како и доказ дека институциите функционираат кога се водат со јасна визија, одговорност и професионализам.
![]()

