Потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, порача дека опозицијата нема да учествува во, како што рече, лажен политички дијалог кој има за цел предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио и укинување на техничката влада.
Во синоќешната дебата во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, Тренчевска истакна дека одлуката на СДСМ да не учествува на лидерската средба се покажала како целосно исправна.
Нема зрелост за укинување на техничката влада
Тренчевска нагласи дека во државата сè уште не постои институционална и демократска зрелост за укинување на техничката влада, предупредувајќи дека не смее селективно да се одлучува кога таа ќе постои, а кога не.

„Институциите не се ниту демократски, ниту пак власта е демократски зрела за да можеме да ја укинеме техничката влада. Тоа се виде и на локалните избори во 2025 година, каде што имаше сериозни притисоци преку институциите“, рече Тренчевска.
Игнорирани суштинските теми: реформи и економија
Според неа, поразително е што на лидерската средба воопшто не се разговарало за реформската агенда, економската состојба и животниот стандард на граѓаните.
Тренчевска потсети дека:
-
Во јуни 2025 година не бил донесен ниту еден закон од реформската агенда
-
Роковите биле пролонгирани и во декември 2025
-
Единствениот усвоен закон – Законот за Судски совет – не ги содржи препораките на Оценската мисија и Венецијанската комисија
Предупредување за изолација и оддалечување од ЕУ
Во своето излагање, Тренчевска остро ја критикуваше власта, предводена од ВМРО, оценувајќи дека со актуелните политики ја изолира државата.
„Ако владата продолжи да носи закони спротивни на барањата на Европската Унија, тоа значи дека не сака членство во ЕУ, туку друг сојуз што ќе работи во интерес на партијата, а не на граѓаните“, предупреди Тренчевска.
![]()

