Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека одлуката за затворање на постмониторинг-дијалогот на Македонија со Парламентарното собрание на Советот на Европа претставува историски момент, рамо до рамо со денот на прогласувањето на независноста.
Од Тетово, каде што присуствуваше на отворање на ново училиште, Мицкоски истакна дека признанието од Советот на Европа е доказ дека Македонија е зрела демократија.

„Европа признава дека оваа држава е зрела демократија, дека се почитуваат човековите права и дека имаме функционална Влада. Со тоа, ние сме единствената држава од Западен Балкан која сега нема ниту мониторинг, ниту постмониторинг“, нагласи Мицкоски.
Тој направи паралела и со Бугарија, посочувајќи дека дури и земја-членка на Европската унија излегла од оваа фаза пред само неколку месеци. Премиерот упати благодарност до пратениците од Мешовитата комисија, како и до Советот на Европа и Европскиот парламент за донесената одлука.
![]()

