СДСМ продолжува со небитни и театрални пресови
СДСМ повторно ја бранува јавноста со објава на социјалните мрежи, во која бара одговори за наводна поврзаност меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лице со иницијали С.З., кое опозициската партија го нарекува „Симе“.
Во објавата, СДСМ тврди дека во јавноста се појавиле повеќе фотографии на Мицкоски со споменатото лице, за кое, според нив, било уапсено со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Како што наведуваат од партијата, првичните реакции од ВМРО-ДПМНЕ биле дека станува збор за „само една фотографија“, но подоцна се појавиле и други снимки, по што, според СДСМ, следел молк и од партијата и од институциите.

Дополнително, СДСМ тврди дека до нивната антикорупциска линија пристигнало видео од „свиркачи“ на кое наводно се гледа како истото лице пука со автоматско оружје – калашников – на собир на кој, според нивните тврдења, се забележуваат знамиња на ВМРО. Од партијата оценуваат дека поседувањето автоматско оружје е незаконско и дека ваквите сцени претставуваат сериозен безбедносен ризик.
И покрај сериозноста на обвинувањата, јавноста повторно останува без конкретни докази и институционални постапки, а настапот на СДСМ се сведува на уште еден во низата пресови кои повеќе наликуваат на политички театар отколку на суштинска и одговорна дебата. Наместо јасни решенија и политики, опозицијата продолжува со сензационализам и обиди за дневнополитички поени.
https://www.facebook.com/share/r/1J5fAr5ESM/
![]()

