ЕПСКА ПОЧИТ ОД МИЦКОСКИ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – ИДЕАЛ ШТО ЈА ОБЕДИНУВА МАКЕДОНИЈА

Денес се одбележува денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, личност што остави длабока и нераскинлива трага во македонската историја. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Делчев е симбол на борбата за независна македонска држава и идеалите што и денес ги поврзуваат сите граѓани.

„Неговата борба за независна македонска држава, држава во срцето на Балканот, е епска. За жал, прерано го загуби животот на само 31 година, со уште многу неискажани идеи и визии. Но, својот живот го положи за идеалите за македонската држава“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека сеќавањето на ликот и делото на Делчев треба да биде водилка како понатаму да се гради заедничката татковина Македонија, со почит кон историјата и одговорност кон иднината. Со државнички тон и јасна визија, Мицкоски уште еднаш упати порака на обединување и достоинствено чествување на македонските великани.

Loading