💣 „ЖЕНА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ“ – ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ЗА СЈО

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на СЈО, тврдејќи дека институцијата била под директно политичко влијание и дека работела спротивно на основните принципи на јавнообвинителската работа.

Според Кадриу, таа го напуштила СЈО по само два до три месеци од почетокот на нејзиниот ангажман, откако главната обвинителка Катица Јанева ѝ соопштила дека „не е тимски кадар“. Како причина за тоа, Кадриу наведува дека одбила да работи на предмети засновани на прислушкувани разговори за кои, според неа, немало формален прием и попис доставен во СЈО.

Таа тврди дека била сведок на директни политички влијанија, при што високи функционери на СДСМ – Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев – лично доаѓале во просториите на СЈО и одржувале средби со обвинители, давајќи налози за тоа кој обвинител на кој предмет треба да работи. Во тие средби, според нејзините тврдења, учествувале четворица обвинители од СЈО, меѓу кои и обвинителот Гаврил Бубевски како носител на групата, како и Ленче Ристовска.

Кадриу изјавува дека фактичкото водење на СЈО било во рацете на Гаврил Бубевски, додека Катица Јанева, според неа, била избрана поради амбиции за јавна популарност, а не поради обвинителски капацитет и искуство.

Во делот за финансиското работење, Кадриу тврди дека Јанева пред колегите изјавувала: „Јас сум сега жена од милион долари“, зборувајќи за „вишок“ од околу еден милион евра во буџетот на СЈО и барала начин тие средства да се потрошат или распределат, за да не се вратат во државниот буџет. Според неа, во тој период СЈО немало стручен овластен финансиски или сметководствен експерт, а за финансиите се грижела заменичката на Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска, која, како што тврди Кадриу, изјавила дека „се разбира во финансии бидејќи мајка ѝ ја учела“.

Дополнително, Кадриу посочува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ испраќал советник од својот кабинет со налози како да постапува по одредени предмети, по што таа одбила такво постапување и го избркала советникот од канцеларијата.

По овие настани, според нејзините тврдења, Катица Јанева ѝ соопштила дека треба да ја напушти канцеларијата и дека „повеќе не е дел од тимот“, иако, како што нагласува Кадриу, изборот и разрешувањето на обвинител во СЈО е надлежност на Советот на јавни обвинители, а не на главниот обвинител.

Loading