Стара пропагандна матрица: нови лажни афери за дефокусирање на јавноста
Јавноста и понатаму нема одговори за тоа кој сè е вмешан во најновиот картелски скандал. Без одговор остануваат прашањата за улогата на Христијан Мицкоски, Панче Тошковски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Николовски и други високи функционери.
Истовремено, целосно се распадна и таканаречената афера со др. Жан – уште една конструкција што заврши како надуван балон, без докази и без епилог.

Но, наместо одговори, следува нов обид за манипулација. Алфа ТВ, во координација со политички центри, подготвува уште една лажна афера – овој пат насочена кон обвинителството, како продолжение на веќе видената кампања.
На мета се случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство, кои добија судска разрешница и во кои беа осудени поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и други.

Целта е јасна: преку нова негативна кампања против опозицијата, повторно да се актуелизира името на Катица Јанева, која беше пуштена од затвор три години порано, а потоа и Бојан Јовановски – Боки 13. Се работи за веќе видена шема, инспирирана од српските пропагандни модели.
Ова е стара политичка сапуница, со јасна намера – манипулација со јавноста, дефокусирање од реалните скандали и напад врз опозицијата.
![]()

