ХАЈРЕДИНИ: МАРИХУАНАТА, „БОМБИТЕ“ И ТЕЛЕКОМ – КОРЕНОТ Е КАЈ ЗАЕВ

Хајредини за Заев: Политики што денес излегуваат на површина

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии во една од првите македонски влади по независноста, а денес познат како сатирично-афористичен политички коментатор, во своите најнови јавни настапи и објави на социјалните мрежи ги поврзува актуелните случувања во Македонија со политиките и изјавите на поранешниот премиер Зоран Заев.

Хајредини потсетува дека токму Заев јавно се фалеше дека државата ќе оствари дури 280 милиони евра приход од производство на марихуана за медицински цели, што според него денес добива поинаква димензија ако се имаат предвид последните акции на Министерството за внатрешни работи, при кои беа запленети големи количества марихуана на повеќе локации низ земјата.

„Заев беше тој што се фалеше дека државата ќе заработи 280 милиони евра од марихуана за медицински потреби“, наведува Хајредини, алудирајќи дека актуелните случаи не се изолирани инциденти, туку последица на тогашните политики и ветувања.

Во контекст на аферата поврзана со изнесувањето на таканаречено „мозочно ткиво“ од медицински институции во Македонија, која се појави преку документи поврзани со контроверзниот американски финансиер Џефри Епстин, Хајредини прави дополнителна споредба.

„За Македонија, ‘бомбите’ на Заев се како оние на Џефри Епстин за светот“, пишува Хајредини, алудирајќи на политичките и институционалните последици од објавените материјали.

Поранешниот министер за финансии се осврнува и на повторното отворање на старата судска постапка поврзана со Македонски Телеком. Притоа иронично потсетува на ветувањата на Заев за „искрена соработка“ со новото раководство на компанијата.

„Заев и на новите директори на Телеком им ветуваше искрена соработка – исто како и во минатото, кога старите директори беа казнети од Окружниот суд во Њујорк затоа што на високи македонски функционери им исплатиле повеќемилионски мито“, заклучува Хајредини.

Loading