Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Минхен оствари средба со Тед Дојч, извршен директор на Американски еврејски комитет, една од највлијателните организации која со децении работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи.
Средбата се одржа во рамки на учеството на македонската делегација на Минхенска безбедносна конференција, каде Мицкоски престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија. На разговорите биле разгледани прашања поврзани со продлабочување на соработката, како и можности за заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, унапредување на меѓурелигискиот дијалог и градење општество засновано на почит, толеранција и слобода.

„Нашата визија е јасна: силни партнерства, јасни вредности и сигурна иднина за нашите граѓани“, изјави Мицкоски по средбата.
Според владината прес-служба, премиерот во Минхен ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања. Во состав на делегацијата се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
![]()

