МИЦКОСКИ ГО КРЕВА ГЛАСОТ ЗА ПРАВДА: МАКЕДОНИЈА СО НОВА ТЕЖИНА НА МЕЃУНАРОДНАТА СЦЕНА!

Мицкоски во Минхен се сретна со Зеленски и Гренел: Мирот мора да биде праведен за стабилна Европа

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на престојот во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на која во фокусот биле безбедносните предизвици во Европа и можностите за постигнување праведен и одржлив мир.

Двајцата лидери разговарале за потребата од европско единство и солидарност во услови на војна и глобални турбуленции, како и за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји.

https://www.facebook.com/reel/875997108556289

„Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда и почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир“, изјави Мицкоски по средбата.

На разговорите било отворено и прашањето за економската размена и поддршката во процесите на напредок на државите. Премиерот нагласил дека „напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба“.

Претходно, Мицкоски во Минхен се сретна и со Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии.

Премиерот оцени дека станува збор за продуктивна средба со одлична дискусија, при што биле потенцирани стратешките односи со САД како темел на стабилноста и економскиот развој на земјава.

„САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за нашата национална безбедност и економски напредок“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека се гради партнерство засновано на взаемна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста.

Loading