Владата на вчерашната седница донесе одлука за именување на девет нови амбасадори, кои во наредниот период треба официјално да стапат на должност во дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство, објави ТВ24.
Станува збор за комбинација од кадри од невладиниот сектор, искусни дипломати од Министерството за надворешни работи, како и поранешен министер.
Според информациите, Орхан Муртезани е предложен за амбасадор во НАТО, додека Илина Мангова ќе ја претставува државата во Обединетото Кралство со седиште во Лондон.

Линда Саљиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг, Крум Ефремов е предвиден за амбасадор во Бугарија, а Габриел Атанасов ќе ја преземе функцијата во Романија.
Веле Трпевски заминува за амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев, додека Фадиљ Зендели ќе ја извршува функцијата амбасадор во Копенхаген.
Со овие именувања, Владата продолжува со кадровското екипирање на дипломатската мрежа, со цел зајакнување на билатералните односи и меѓународната соработка.
![]()

