Среќното ливче со главната лото-премија е уплатено во Кавадарци, а станува збор за втората најголема добивка во историјата на Македонија.
Во 18-тото коло беше извлечена главната премија – „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, токму во Кавадарци е уплатено добитното ливче што му донесе милионска сума на среќниот добитник.

Добитната комбинација што ја донесе главната премија гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.
Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари.
Според податоците, оваа добивка е втора најголема во историјата на лотаријата во Македонија, со вредност од околу 1,273 милиони евра. Најголемата премија досега, од околу 1,7 милиони евра, беше исплатена во август 2024 година, кога добитното ливче беше продадено во Охрид.
![]()

