Мицкоски ЖЕСТОКО за новинарите во Тетово: „ЦИРКУС и естрада – не заслужуваат ни коментар!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање поврзано со реакциите по вчерашната изјава на новинар упатена кон министерката за образование Весна Јаневска.

Станува збор за коментар во кој новинарот повторно ѝ порача на Јаневска, при нејзини посети во Тетово, да користи преведувач – изјава која предизвика бројни реакции во јавноста.

Мицкоски, коментирајќи го случајот, истакна дека не секогаш е неопходно да се реагира на вакви настапи, додавајќи дека молкот понекогаш е најсоодветен одговор.

„Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека нешто е пропуштено, туку дека едноставно некои луѓе не заслужуваат внимание. Ако некој решил од себе да прави естрада и циркус, треба да му се дозволи – јавноста сама ќе процени,“ изјави премиерот.

Тој дополни дека вклучувањето во вакви дебати само дополнително го продлабочува нивото на дискурсот, па затоа, како што рече, подобро е да се задржи достоинството отколку да се учествува во, како што го нарече, „естрадно однесување“.

Loading