КОГА СЕ СПОМНУВААТ МИЛИОНИ, ЗОШТО СЕКОГАШ ИСПЛИВУВА ИСТОТО ИМЕ?!

Кога станува збор за Зоран Заев, јавноста одамна научи дека „случајности“ со милионски суми не се баш реткост. Од ветувања за транспарентност до афери што редовно испливуваат, прашањата се множат, а одговорите сè почесто изостануваат. Најновите наводи што ги отвори ВМРО-ДПМНЕ повторно го ставаат Заев во центарот на сомнежи за сериозен коруптивен скандал – овојпат тежок цели 4 милиони евра. Дали повторно станува збор за „конструкции“, или пак за нешто што конечно ќе добие институционален епилог? Јавноста очекува повеќе од тишина.

ВМРО-ДПМНЕ повторно отвори сериозни прашања во јавноста, обвинувајќи дека поранешниот премиер Зоран Заев наводно бил вмешан во коруптивна шема поврзана со измена на деталниот урбанистички план (ДУП) во Тетово.

Од партијата посочуваат дека на социјалните мрежи се појавила аудио-снимка во која, како што тврдат, бизнисменот Миодраг Давидовиќ разговара со Зоран Милески, познат во јавноста како посредник близок до Заев. Во разговорот, според нивните наводи, се споменуваат суми од по два милиони евра од два различни извори, што би изнесувало вкупно 4 милиони евра.

Според тврдењата, средствата биле поврзани со реализација на проект за изградба на голем станбен комплекс во Тетово, кој би опфатил околу 2.000 станбени единици, со проценета вредност од приближно 200 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ поставуваат повеќе прашања до јавноста и институциите: дали навистина се случила ваква исплата, каде завршиле евентуалните средства и дали постои поврзаност со инвестиции во странство.

Дополнително, партијата бара од Јавно обвинителство на Северна Македонија да отвори истрага и да ги провери сите индиции за можно кривично дело, нагласувајќи дека граѓаните имаат право на транспарентност и одговорност.

Засега, од страна на Зоран Заев нема официјален одговор на овие обвинувања.

Loading