ЕКОНОМСКА СЛОБОДА ВО ФОКУС: Македонски Концепт со нова иницијатива

Во еден од најважните моменти за економската иднина на државата, започнува иницијатива што директно ги отвора најчувствителните прашања за парите, трудот и слободата на граѓаните.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА – 19 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ започнува нова кампања „Твои пари, твоја слобода“
Почитувани претставници на медиумите,
Во време кога сè почесто се поставува прашањето дали трудот навистина се исплати и дали системот работи во корист на граѓаните, Македонски Концепт започнува нова комуникациска кампања под слоганот „Твои пари, твоја слобода“.
Станува збор за серијал кратки видеа кои преку едноставни, секојдневни ситуации отвораат важни прашања кои се изоставени од јавниот дискурс. Колку од платата навистина ни останува, зошто бизнисите се гушат во процедури, зошто јавните претпријатија прават загуби и кој на крајот ја плаќа сметката за тоа, се само дел од нив.
Идејата е разобличување на системот и реафирмирање на ставови кои го олеснуваат животот на граѓаните. Кампањата јасно стои зад принципите на економска слобода, како: пониски даноци, помалку бирократија, повеќе простор за приватна иницијатива и фер правила за сите.
Македонски Концепт се позиционира како партија од спектарот на економската десница што се залага за слободен поединец, силна приватна иницијатива и ограничена, но ефикасна држава која ги штити сопственоста, трудот и правилата. Целта е Македонија да премине од модел на зависност од државата кон систем што ги наградува оние што создаваат, инвестираат и преземаат ризик, наместо да го оптоварува нивниот труд.
Во наредните денови ќе биде објавено и првото видео од серијалот, со кое започнува оваа иницијатива. Ви благодариме за вниманието и стоиме на располагање за дополнителни информации.
Со почит,
ЦКА на Македонски Концепт

Loading