Во време на површни интерпретации и наметнати наративи, Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, излегува со јасен и аргументиран став што навлегува во суштината на историските и идентитетските дилеми. Во продолжение следува неговата објава во целост:

НЕЛИ Е СМЕШНО?
Албанците биле антички Илири! Ок!
Србите биле антички Скордисци или Тибали! Ок!
Бугарите биле антички Тракијци или Мизи! Ок!
Грците биле антички Елини! Ок!
Само Македонците не сме биле Македонци!
Тито не создал! 
НАЈЈАКО е што сите имаат теорија:
Албанците дојденци се мешале со локалните… ок!
Србите дојденци се мешале со локалните… ок!
Бугарите дојденци се мешале со локалните… ок!
Грците дојденци се мешале со локалните… ок!
Само Македонците умреле и со никого не се смешале! А тоа што само Македонците и Македонија имаат континуитет во секоја смисла… свои на своето… е тоа било одлука на Коминтерната! 
Нели е смешно?!?
Нели тешки глупостии пишуваат колегите “професори” од соседите?
Јас да ви кажам нешто професорски… вашиот комплекс на “дојденци” нема да го излечите со омаловажување и оспорување на нас Македонците!
Не убивате со векови, и пак не сте свои на своето!
Колку и да се трудите, вечно ќе ве прогонува!
Ви препорачувам да се соочите со вистината и така ќе се ослободите!
![]()

