1 МАЈ ВО ФРАНКФУРТ: ФИЛИПЧЕ ГИ „ПОЗДРАВИ“ РАБОТНИЦИТЕ ОД ДАЛЕКУ!

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека пратеникот Венко Филипче повторно не присуствувал на седницата за пратенички прашања во Собранието, иако, според нив, токму тоа е моментот кога опозицијата треба да ги соочи претставниците на власта со аргументирани критики.

Од партијата велат дека последниот четврток во месецот е резервиран за оваа намена – пратениците да поставуваат прашања и да бараат одговори за актуелни теми од јавен интерес. Наместо тоа, тврдат дека Филипче не се појавил во салата и со тоа ја пропуштил можноста директно да ги адресира проблемите за кои претходно јавно говорел.

Според нивни информации, во време кога се одржувала седницата, Филипче бил на пат кон Франкфурт. Во исто време, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, тој бил активен на социјалните мрежи, каде објавувал ставови поврзани со состојбите во државата.

Дополнително, од партијата реагираат и на тоа што неговото отсуство се совпаднало со Меѓународниот ден на трудот, посочувајќи дека ваквиот потег не кореспондира со реториката за поддршка на работничките права која ја застапуваат тој и СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека, наместо институционално делување, Филипче повторно избрал комуникација преку социјални мрежи.

Loading