САМО УШТЕ ДВА УСЛОВИ ДО ЕУ? БОГОЈЕСКИ ЈА РАЗГОЛИ ГОЛЕМАТА ЕВРОПСКО-БУГАРСКА ИЛУЗИЈА

Во време кога европската перспектива на Македонија сè почесто се претвора од стратешка цел во политичка илузија, Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, отвора една од најсуштинските и најнепријатни дебати во македонскиот јавен простор: дали проблемот на Македонија е само во блокадите однадвор, или и во недовршената државотворна архитектура однатре.

Неговата објава не е обична политичка реакција, туку силен идеолошки манифест за македонската национална самосвест, за граѓанскиот карактер на државата и за историската нужност Македонија конечно да излезе од позицијата на објект врз кој други ја тестираат сопствената геополитичка моќ. Богојески ја поставува дилемата директно и без дипломатски украси: ако Европската Унија се колеба дали воопшто сака проширување, а Бугарија ја злоупотребува европската рамка за идентитетски притисок, тогаш Македонија мора да ја преиспита сопствената стратегија, својот уставен модел и својата национална офанзива.

Во неговата анализа се преплетуваат европскиот песимизам, бугарските условувања, историските паралели и потребата од нов македонски политички одговор. Особено силна е тезата дека решението не лежи во пасивно чекање пред вратите на Брисел, туку во внатрешно конституирање на македонската нација преку граѓански, национален Устав, во кој етничките категории нема да бидат темел на политичката уцена, туку второстепен идентитетски слој во една современа држава.

Богојески со препознатлива острина предупредува дека бугарските уцени не можат да создадат пријателство, туку само долгорочен отпор, историско паметење и нова македонска мобилизација. Неговата порака е јасна: Македонија не смее да ја чека историјата како набљудувач, туку мора повторно да стане нејзин активен творец.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната објава на Петар Богојески:https://www.facebook.com/share/p/1EQfmzEvA4/

ИМА САМО УШТЕ ДВА УСЛОВИ ЗА ЕУ! И влегуваме! Само уште ова…
1. ЕУ да одлучи воопшто да се проширува;
2. Македонците да станеме Бугари;
За првото е се потешко, нема расположение кај населението на клучни земји членки, како Франција, Холандија, Германија…
За второто е се полесно, има расположение кај Македонците да стануваат дел од бугарската нација (пасоши) со оглед на фактот што македонска нација не е создадена (имаме југословенски комунален Устав), а етносот е “отровното јаболко” за Европа.
ИМА ЛИ ЧАРЕ? Има секако!
Граѓански (национален) Устав на Македонија, со кој ќе се создаде македонската нација, а етносите ќе станат второстепени. Ќе има проблем со “северна”, тоа е предизвик на номотехничарите.
Сепак, тоа нема да го реши проблемот со Французинот во Париз, кој мрази проширување на ЕУ, бидејќи жена му има дечко од Судан… тој мисли, ако лечи фрустрации врз Македонија која е “виновна за тоа”, жена му ќе се задомаќини! Нема!
ЕУ ПЕСИМИЗМОТ има огромен замав на Балкан, но и насекаде по Европа… сказната за “влез во ЕУ” веќе е романтична колку “брак со баба”!
БУГАРИТЕ ПАК СЕ ТʼПИ, и не разбираат дека со уцените за влез во ЕУ не само што нема да постигнат ништо, туку ќе направат вечно непријателство со Македонците. И секако ќе го засилат “српски свет”!
СЕТО ОВА ме потсетува на 1942 година, кога романсата на Рајхот кулминираше. Кога украински единици јуришаа кон московјаните, кога Албанците сонуваа велики држави, кога Бугарите поверуваа дека конечно го решиле “македонизма”!
Но… после секоја 1942, редовно доаѓа 1944!
И така, историјата се повторува за тие кои не ја научиле.
ШТО НИ ТРЕБА НАС?
Македонски бригади, македонски првенци, македонска иницијатива, македонски отпор… македонска офанзива. Македонски Концепт!
И? И пак ќе победиме! Како секогаш до сега!
За некоја година, ЕУ ќе се реформира… Бугарите ќе се срамат од себе… по стоти пат.
И после тоа? Па ништо. Пак од почеток!

Loading