Професорот Петар Богојески, лидер на Македонски Концепт, отвора тема што досега ретко кој македонски политичар се осмелил јавно и директно да ја постави – историските убиства, прогони и асимилации на Македонците да бидат именувани како „холокауст врз македонскиот народ“.
Во својата објава, Богојески прави споредба со страдањето на Евреите и повикува Македонија да изгради институционална меморија за сопствените жртви. Тој бара темата да излезе од рамките на премолчената историја и да стане официјална државна политика, доколку Македонски Концепт добие парламентарна поддршка.
Станува збор за силна, провокативна и политички чувствителна теза, која несомнено ќе предизвика реакции и ќе отвори расправа за тоа како Македонија го памети, документира и му го претставува на светот страдањето на македонскиот народ низ вековите.
Ние Македонците сме најтортуриран народ на свет. Само ние можеме да им парираме на Евреите.
Убивани, асимилирани, малтретирани сме од сите соседи. Албанци, Срби, Бугари, Грци, сите не убиваат и асимилираат со векови. Империите, римска, отоманска, руска, германски, јужнословенски… исто така. До кога?
Ние немаме никого убивано. Ние никого не малтретираме, ниту асимилираме. На сите подаваме рака и простуваме. Ние никого не мразиме. Сите нас не мразат. А зошто? Само заради тоа што сме Македонци. Срамно.
РЕДНО Е да се отвори темата за холокаустот врз Македонците. За оние милиони убиени и асимилирани Македонци. Убаво што имаме таков спомен дом во Скопје за Евреите. Но каде е тој за Македонците?
Ако молчиме, ќе ни се повторува. Повторно и повторно. Мораме да станеме гласни и да бараме светот да го признае холокаустот врз Македонците.
Тука може многу да си помагаме со еврејскиот народ, кој има разбирање за истото. Со слободарските движења од Америка и светот. Но никако не смееме да премолчуваме. Грлати да сме на темава.
Ако ни дадете поддршка на Македонски Концепт да влезе во парламент, ова ќе стане и официјална политика на државата.