ЗАВИСТА Е ПОЛИТИЧКО ОРУЖЈЕ: Професорот Богојески ги повика младите да создаваат, а не да мразат

Дали зависта сè почесто се користи како политичка алатка со која младите се насочуваат против успешните, наместо да бидат поттикнати самите да создаваат и напредуваат? Професорот Петар Богојески во својата најнова објава предупредува на, како што ја нарекува, една од најстарите политички тактики на левицата – туѓиот успех да се претстави како неправда, а материјалната разлика како доволна причина за гнев и одземање.

Според Богојески, младите не треба да го гледаат подобриот живот на другите како навреда, туку како доказ дека успехот е можен. Неговата порака е дека општеството не напредува преку завист, поделби и пресметки со оние што создале повеќе, туку преку личен труд, амбиција и почитување на постигнатото.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава во целост:https://www.facebook.com/share/p/1Lv36WhYzc/

МЛАДИ, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ НАВЛЕЧАТ НА ЗАВИСТ!
Тоа е една од најстарите политички финти на левицата, наместо да те мотивира да станеш подобар, те убедува да му завидуваш на оној што успеал.
Има некој повеќе од тебе? Лути му се!
Возел подобра кола? Сигурно украл!
Направил пари? Да му земеме!
Успеал во животот? Системот му наместил!
И така, зависта станува политичко оружје за мобилизација.
Не паѓајте на тоа.
Ако некој млад човек успеал, радувајте му се!
Ако некој живее убавo, нека ви биде доказ дека може.
Ако некој има повеќе, работете еден ден да имате уште повеќе.
Не завидувајте на убавиот живот на другите.
Радувајте се на својот и направете го подобар!
Животот не е натпревар кој кому ќе му земе.
Животот е натпревар кој што ќе создаде. 😎

Loading