ИЛИ НАПРАВЕТЕ ГО АВТОПАТ ИЛИ ТРГНЕТЕ ГИ ПАТАРИНИТЕ: Проф.Богојески бара крај на апсурдот Скопје–Велес

ПЛАТИ ПАТАРИНА, НАМАЛИ НА 50, ЧЕКАЈ КАЗНА: Богојески со порака до надлежните

Патарини како за автопат, ограничувања како на локален пат и камери што ги казнуваат возачите – професорот Петар Богојески остро ја отвори темата за условите на делницата Скопје–Велес. Тој прашува што точно плаќаат граѓаните кога на пат што официјално се третира како автопат на одредени места се вози со само 50 километри на час. Неговото барање е недвосмислено: или државата нека обезбеди вистински автопатски услови или нека ги отстрани патарините и чесно нека признае дека станува збор за пат кој не го нуди она што им се наплаќа на возачите.

Ви ја пренесуваме објавата во целост:https://www.facebook.com/share/p/1DbVnuK5dx/

ОВА НЕ Е АВТОПАТ Скопје – Велес! НЕ!
Не може да наплаќаш патарини на пат кој не е автопат… во исто време да има ограничување на брзина до 50км/час и да има камери кои казнуваат на 70км/час… и сето тоа замислете на “автопат”! Срамно!
Или ќе се изгради автопат Скопје – Велес или ќе се тргнат патарините и ќе се знае дека се вози по локален пат со 70км/ч и тоа е тоа!
Доста беше манипулации со сите нас! Доста!

Loading