ВАЖНО: МКонцепт за 5 години во ЕУ, другите креваат раце

Македонски концепт ги реафирмира своите заложби за итна интеграција на Македонија во Европската Унија. Во време кога сите креваат раце од ЕУ, само МКонцепт ветува влез за 5 години!

Во нивната објава стои:

Во време кога сите измеќари на 10 фамилии се собраа на куп, со цел да спречат влез на Македонија во ЕУ, за тие да продолжат да крадат, ние ги реафирмираме нашите проЕУ ставови:

1️⃣ Европската цивилизација се темели на неколку култури, меѓу кои и македонизмот, а ние Македонците сме најубавото и највредното нешто кои доаѓа од тие култури;
2️⃣ Ние не можеме да плаќаме за издигање на силата на други нации, време е за македонска офанзива;
3️⃣ Слабите, анационалните, предавниците, измеќарите на крими фамилиите се виновни за падот на Македонија и тие ќе платат согласно Закон за заштита на државноста;
4️⃣ ЕУ има друга алтернатива, а тоа е ЕУ, најдобрата дестинација за Македонија во 21ви век;
5️⃣ Во ЕУ најдобро ќе ги заштитиме македонските национални интереси, особено македонското историско – културно наследство и идентитет;
6️⃣ Со ЕУ ќе добиеме шанса да го повратиме националното достоинство, особено да го обновиме живиот ресурс на македонската нација;
Затоа:
– Решение на бугарското прашање во Македонија, без одлагање;
– Брзи и ефикасни, коренити реформи на македонскиот систем, завршување на преговори со ЕУ и влез за 5 години;